ФУДБАЛ

Гризман „избега“ од Барселона два часа по мечот со ПСЖ (ВИДЕО)

Роналд Куман им даде на своите играчи два дена слободни кои Антоние Гризман ги искористи за да ја напушти каталонската престолнина.

Иако главите дури и не се изладија по тешкиот пораз 1:4, Гризман ја напушти Шпанија. Додека сите одеа дома, Французинот беше на аеродромот.

Камерите го следеле Гризман и го снимале како заминува на аеродромот. Неговата дестинација во следните два дена ќе биде Франција.

Имено, овој 29-годишник ќе ги искористи слободните денови да го посети своето семејство во Франција.

За време на „бегството“, тој се обидел да се маскира, но бил фатен од новинарите. Тој одби да даде каква било изјава.