Барселона ги изненади сите во последниот ден од летниот преоден рок кога го пушти Антоан Гризман да се врати во Атлетико Мадрид.
Гризман дојде во каталонскиот клуб во летото 2019 година за цели 120 милиони евра, но тоа се покажа како уште еден неуспех на Жозеп Бартомеу.
По две сезони стана јасно дека Гризман баш и не се вклопува во играта на Барселона, а челниците на клубот ги изненадија сите кога потврдија дека Французинот замина на позајмица во Атлетико Мадрид.
Барселона и Атлетико се договорија за двегодишна позајмица, но со посебни услови. Атлетико може да ја откаже позајмицата по една година, по што Гризман би се вратил во каталонскиот клуб, но доколку го задржат работите се менуваат.
Шпанските медиуми објавија дека челниците на Атлетико веќе одлучиле Гризман да остане во овој клуб и следната сезона, но потоа ќе бидат обврзани да го откупат неговиот договор од Барселона.
Тоа значи дека каталонскиот клуб во летото 2023 година ќе инкасира 40 милиони евра, што е голема сума со оглед на кризата во која се наоѓа Барселона од почетокот на пандемијата.