Фудбалерите на Барселона вечерва со многу напор го совладаа Леванте со 1:0.
Херој на каталонскиот клуб, кој знае по кој пат, беше Лионел Меси, кој успеа да го постигне единствениот гол во самиот финиш од играта.
Вечерва од првата минута играше и Антоан Гризман, кој имаше неколку одлични можности, но не успеа да се запише во листата на стрелците.
Но, Гризман очигледно беше многу расположен вечерва, а тоа најдобро го покажува снимката од тунелот пред почетокот на второто полувреме кога реши да ги насмее гледачите на овој натпревар.
„Моментот“ на Гризман во тунелот можете да го погледнете ОВДЕ .