ФУДБАЛ

Гризман: Ми недостасува самодоверба…

После неколку години шпекулации, Антоан Гризман конечно се пресели во Барселона ова лето.

Французинот го напушти Атлетико Мадрид за голема сума на пари, но засега не го оправда она што го вложија челниците на Барсе во неговиот трансфер.

Со само четири гола на 16 настапи за Барселона, тоа е статистика која не може да му угоди на раководството на клубот, но ниту на навивачите.

Гризман за „Uefa.com“ призна дека му недостасува самодоверба.

„Јас сум во процес на учење и разбирање на начинот на кој играт моите соиграчи, бидејќи сето ова е ново за мене. Јас сè уште се обидувам да ги прочитам патеките и движењата без топката на Луис Суарез, Меси, Дембеле и нашите играчи од средниот ред“, рече Гризман, продолжувајќи:

 
„Мојата намера е што поскоро да ги извлечам работите одеднаш за да можам да дадам се од себе за тимот. Сепак, понекогаш е доста незгодно“.

„Тогаш, кога ќе ја добијам топката, немам доверба кога додавам или кога шутирам кон голот. Ова е нешто што сигурно ќе се промени со текот на времето“, истакна Гризман.

Францускиот офанзивец додаде и дека е доста засрамен, но дека веќе поминал „на ручеци“ со Меси и Суарез и дека верува дека нивната врска може да напредува само со текот на времето.

Инаку, зад Гризман е уште еден прилично лош натпревар во дресот на Барселона. Барса го совлада Леганес (2-1) во саботата со пресврт, со тоа што Гризман одвај играше, пред да биде заменет, по нешто помалку од еден час на теренот.