ФУДБАЛ

Гризман мислеше дека не може да падне пониско, а потоа се врати во Атлетико Мадрид

Антоан Гризман пред неколку години беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но со преселбата во Барселона доживеа голем пад.

Гризман во летото 2019 година како големо засилување премина од Атлетико Мадрид во Барселона за 120 милиони евра, но во каталонскиот клуб не успеа да ги оправда очекувањата.

Францускиот напаѓач мина две сезони во Барса во кои не се истакна премногу, а потоа челниците на каталонскиот клуб ги изненадија сите кога летово го вратија во Атлетико Мадрид на позајмица.

Гризман се врати во клубот каде ги пружи најдобрите партии за да ја оживее кариерата, но не оди баш според планираното.

Оваа сезона Гризман одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, но постигна само осум гола. Во Ла Лига, Французинот постигна само три гола, што е убедливо најлош учинок.

Последниот гол во првенството го постигна во ноември минатата година, а инаку последниот гол за Атлетико во Купот на кралот го постигна на почетокот на јануари и веќе пет месеци е без гол, што е невидена криза за Гризман.

Сепак, Барселона веќе не е загрижена поради тоа и задоволно трие раце бидејќи Атлетико на лето ќе го откупи договорот на Гризман.

Каталонците ќе добијат десет милиони евра за позајмицата за оваа сезона, додека Атлетико ќе им плати дополнителни 40 милиони евра за да го откупат неговиот договор. Иако многумина мислеа дека тоа е лоша работа за Барса, сега се покажа дека Каталонците одлично се снајдоа со оглед на формата на Французинот.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига