ФУДБАЛ

Гризман: Не можете да станете светски шампион без добра одбрана

Француските фудбалери ја бранат титулата светски шампион освоена пред четири години во Русија…

 

Првата следна пречка на патот Триколорите ја имаат денеска кога ќе се сретнат со репрезентацијата на Полска.

Еден од најдобрите француски фудбалери , Антоан Гризман, зборуваше за тоа што му е потребно на неговата репрезентација за да го освои Светското првенство во Катар.

„Офанзивната игра е секако многу важна, но и дефанзивната игра е подеднакво важна. Мора да одржувате рамнотежа и компактност кога ја немате топката. Не можете да успеете без добра игра во одбраната. Жиру и Дембеле прават многу добра работа и кога ја немаат топката во свој посед, тоа му помага и на Мбапе, важно е да останеме свежи за контранапади и напади“, изјави Антоан Гризман и додаде:

„Во моментов има рамнотежа во нашата игра, мораме да продолжиме да ја одржуваме – тоа е тајната на успехот на турнири како Светското првенство.

Ќе видиме како ќе функционира против Роберт Левандовски и неговите соиграчи…