Францускиот фудбалер и ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман нема намера да го напушти својот клуб.
Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед сака Французин во својот тим, но Гризман не сака да си замине, напротив, целта му е да остане уште долго во Мадрид.
“Сакам да направам се за да станам легенда на Атлетико Мадрид. Тоа е мојата мисија. Се надевам дека во 2024 година ќе ги израдувам навивачите со некој од трофеите во дресот на Атлетико, бидејќи тоа би било остварување на сонот” изјави Гризман.
Да потсетиме, Гризман се пресели во Барселона во летото 2019 година за 120 милиони евра, но се врати две години подоцна. Прво на позајмица, а потоа Атлетико го купи за само 25 милиони евра.
Гризман беше стрелец на единствениот гол во победата на Атлетико против Мајорка вечерва во 14. коло од Ла Лига.
