ФУДБАЛ

Гризман одигра фантастично во дресот на Франција, па го „пецна“ тренерот на Барселона

Репрезентацијата на Франција синоќа славеше против Хрватска на гостински терен во Лигата на нации со 2:1. Одлична партија имаше Антоан Гризман кој постигна и еден гол. По мечот даде интересна изјава која на некој начин е провокација за тренерот на Барселона, Роналд Куман, со оглед дека не бриљира во дресот на каталонскиот тим.

-Овде се чувствувам одлично. Главната причина е што овде тренерот знае што сакам да играм и затоа што има голема доверба во мене, изјави Гризман.