ФУДБАЛ

Гризман постигна спектакуларен гол, па славјето го посвети на Тони Крос

Фудбалерите на Барселона денес ја совладаа Осасуна со 4-0 на домашен терен.

Каталонскиот клуб без поголеми проблеми успеа да стигне до трите бода, на крај добар натпревар одигра Антоан Гризман, кој успеа да се запише во листата на стрелците.

Гризман постигна фантастичен погодок во финишот на првото полувреме за 2:0, а потоа го прослави на интересен начин.

Познато е дека Тони Крос неодамна изјави дека не му е јасно зошто Гризман и Аубамејанг подготвуваат специјални кореографии за да ги прослават головите, а тој рече дека тоа го убива.

Но, сега Гризман реши да смисли посебна прослава на голот, а шпанските медиуми пренесуваат дека тој му го посветил на Крос со цел да го исмее.

https://twitter.com/breathMessi21/status/1333045253905866756