ФУДБАЛ

Гризман првпат по 15 години ќе игра за клуб надвор од Шпанија?

Антоан Гризман летово од Барселона се врати во Атлетико Мадрид и веќе би можел да го промени клубот.

Според „Fichayes“, францускиот напаѓач го сака Антонио Конте во Тотенхем и го смета за главен пион во новиот проект поставен од лондончани.

Гризман има договор со Барселона до летото 2024 година, па Спарс би можеле да влезат во преговори со Каталонците.

Поради финансиски проблеми и неговиот учинок, Каталонците мораа да го позајмат Гризман на Атлетико на една година, што носи дел од неговата огромна плата од 18 милиони евра годишно.

Тотенхем би имал финансиска сила да го купи. Во 2019 година, кога пристигна во Барселона, сумата што ја платија Каталонците беше огромна, 120 милиони евра. Шпанскиот клуб во договорот ставил отштетна клаузула од 800 милиони евра, но јасно е дека за само неколку десетици милиони евра Барселона би била подготвена да се откаже од Французинот.

Доколку потпише со Тотенхем, тоа би била прва авантура на Гризман надвор од Шпанија во последните 15 години од неговата кариера.

Оваа сезона Гризман одигра 21 официјален натпревар за Атлетико и постигна седум гола со три асистенции. Според некои претпоставки, Барселона чека понуда од најмалку 50 милиони евра за да го продаде Гризман.