ФУДБАЛ

Гризман разбра што се случува и веднаш им призна на своите пријатели

Антоан Гризман пристигна летото 2019 година како големо засилување во Барселона од Атлетико Мадрид.

Барселона издвои дури 120 милиони евра за францускиот напаѓач, но се чини дека ова не беше најдобриот потег. Гризман никако да „тргне“ откако пристигна во Барселона и со месеци се бори со својата форма.

Каталонците вчера беа поразени со 3:1 во „Ел Класико“ од Реал Мадрид, а Гризман доби шанса дури на крајот од натпреварот. Играта на Барселона воопшто не му одговара и како да не е тој напаѓачот кој играше одлично во дресот на Атлетико.

Францускиот Л’Екип денес пишува дека Гризман им рекол на своите пријатели дека му е многу тешко во Барселона, и дека ова е еден од најтешките периоди во неговата кариера.

Гризман смета дека доаѓањето во Барселона е веројатно најголемата грешка што ја направил во неговата кариера досега. Ова јасно покажува дека Французинот најверојатно наскоро ќе го напушти клубот доколку нешто не се смени драстично.

Неговото лице јасно покажува дека е несреќен, а неодамна дури му порача на тренерот Куман дека не игра на вистинската позиција. Кога тој настапува во францускиот дрес, тогаш тоа е тотално друга приказна и неверојатно е дека за неколку дена ќе дојде од раскош до очај и така во круг.