ФУДБАЛ

Гризман сега може да го одигра целиот натпревар бидејќи Атлетико Мадрид ја постигна целта со Барселона

Антоан Гризман сезонава не започна ниту еден натпревар од првата минута бидејќи Атлетико Мадрид не сака да и плати пари на Барселона за него.

 

Гризман пред една година се врати во Атлетико Мадрид од Барселона на двегодишна позајмица, но мадриѓаните се обврзани да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра на крајот од оваа сезона.

 

Сепак, Атлетико сака на секој начин да го избегне тоа сценарио бидејќи не сака да плати толку пари за Гризман кој не играше ни приближно како што се очекуваше минатата сезона.

Оваа сезона Гризман никогаш не играше повеќе од 30 минути по натпревар бидејќи Атлетико најде дупка во договорот со Барселона.

 

Имено, доколку Гризман игра помалку од половина час по натпревар, тогаш не се обврзани да плаќаат пари за него. На сите натпревари во досегашниот тек од сезоната тој во игра влезе по 60. минута, што само ги потврди овие шпекулации.

 

Сепак, во Барселона сметаат дека Атлетико сепак е должен да плати 40 милиони евра за Гризман и најавија дека ќе го тужат овој клуб доколку продолжат со својот план.

 

Ла Лига не сака да се меша, но јасно е дека уште од почетокот имаа чиста цел во Атлетико Мадрид. Односно да се контактира Барселона за да се рестартираат преговорите околу Гризман, што наводно веќе се случило.

L’Equipe објави дека Атлетико Мадрид и Барселона започнале нови преговори за францускиот напаѓач и дека тој речиси сигурно ќе остане во овој клуб, но Атлетико нема да плати 40 милиони евра како што беше претходно договорено.

Наводно, клубовите се многу блиску до договор за трансфер на Гризман и Барселона се договорила речиси двојно да ја удвои цената за Французинот. Така Атлетико ќе плати 25 наместо 40 милиони евра што беше главната цел.

 

Диего Симеоне и челниците на клубот очигледно успеаја во својот план, а по официјализирањето на договорот се очекува Гризман да има значително поголема минутажа отколку што е во моментов.

 

Тој самиот се пожали на моменталната ситуација и покажа незадоволство бидејќи сака да игра повеќе за да не ризикува да не биде повикан во француската репрезентација на претстојното Светско првенство во Катар.

 

Во досегашниот дел од сезоната Гризман настапи на сите шест натпревари и успеа да постигне три гола, иако во игра ќе влезеше само во последниот половина час од играта.

 

ПОВРЗАНО

Ла ЛигаСветско првенство 2026