ФУДБАЛ

Гризман стави крај на борбите на Атлетико на Местаља

Во последниот натпревар од третото коло на Ла Лига, Атлетико Мадрид како гостин ја совлада Валенсија со 1:0.

Целта ги оправдува средствата е максима која лесно може да се поврзе со Атлетико на Диего Чол Симеоне. Навистина беше потребна победа во Валенсија, но нема многумина да бидат задоволни од начинот на кој таа беше извојувана.

 

Се чинеше дека Јорганџија ќе се радува да ја собере нулата и од Местаља. Всушност, трпеливо ја чекаа приликата. И ја пречекаа.

 

Во 66. минута француска акција. По само две минути поминати во игра, Лемар го вработи Антоан Гризман, кој ја затресе мрежата на лилјаците. Тоа се покажа како единствениот гол, но вреден три бода. Толку важно по поразот од Виљареал.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига