Антоан Гризман денеска започна нова авантура во дресот на Атлетико Мадрид.
Францускиот напаѓач ја напушти Барселона последниот ден од преодниот рок и се врати во својот поранешен клуб Атлетико.
По паузата за репрезентацијата, Гризман денеска им се придружи на Атлетико и неговите нови соиграчи, а насмевката никогаш не го напушти неговото лице.
Grizzi 🔙🔴⚪️ pic.twitter.com/B6bNqOuco2
— Atlético de Madrid (@AtletiFR) September 8, 2021
Францускиот напаѓач ги поздрави сите топло и едвај чека да игра повторно во дресот на Атлетико.
Мадридскиот тим го продаде Гризман на Барселона во 2019 година за 120 милиони евра, но Французинот не покажа речиси ништо на Камп Ноу.
👋🏼🥰 pic.twitter.com/YDMbwv7PPm
— Atlético de Madrid (@AtletiFR) September 8, 2021
Поради финансиски проблеми, беше одлучено Гризман да биде достапен на пазарот и тој заврши на двегодишна позајмица во својот поранешен клуб.
Гризман го носеше дресот на Атлетико од 2014 до 2019 година. Одигра 257 натпревари и постигна 133 голови.