ФУДБАЛ

Гризман: Знам каде ќе играм следната сезона

Антоан Гризман го потврди неговото заминување од Атлетико Мадрид пред неколку недели.

Во интервју за „Telematin“, Французинот рече дека го знае името на неговиот следен клуб, но не сакаше да даде детали.

„Знам каде ќе играм следната сезона“, накратко рече Гризман, кој сега е концентриран на настапи за репрезентативниот тим и потоа се пошегува:

„Знам каде ќе играм и за седум години, ќе играм во Мајами“.

Во договорот, Гризман има клаузула за откуп од 200 милиони евра, што ќе се ресетира на 120 на 1 јули.

Неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги, а нај споменувани се Барселона и ПСЖ, клубовите што ги освоија шампионатите во Шпанија и Франција минатата сезона.