Фудбалерот на Атлетико, Антоан Гризамн е еден од 30 кандидати за Златната топка.
Тоа е тешко да се каже оваа година кој е прв фаворит за ова големо признание, но Гризман во првата изјава по заклучувањето на финалната листа на кандидати даде јасна изјава.
“Што и да се случи, оваа година наградата мора да ја освои некој Французин”, рече Гризам потсетувајќи дека неговиот тим во Русија ја освои втората титула, Светски шампион.
Гризман има солидна шанса да дојде до ова признание, иако се чини дека Килијан Мбапе има нешто повисоки шанси. Покрај нив, има уште пет Французи меѓу кандидатите за Златната топка и Канте, Варан, Погба, Лорис и Бензема, кој не беше член на репрезентативниот тим кој ја освои титулата Светски шампион.
Се разбира, во најтесниот круг на фаворити се Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои наизменично се менуваат на подиумот од 2007 година.