ФУДБАЛ

Гризман: Знам зошто толку многу сакам да освојам Златна топка

Францускиот напаѓач Антоан Гризман во неколку наврати призна дека неговата голема желба и сон е да ја освои Златната топка и да биде прогласен за најдобар играч во светот.

Гризман често е во приказните на играчи кои еден ден би можеле да го преземат престолот од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а францускиот напаѓач верува дека има квалитети да биде најдобар играч во светот. Тој рече дека тоа е неговиот сон, да го направи во дресот на Атлетико Мадрид.

“Освојувањето на Златната топка во дресот на Атлетико Мадрид е мојот сон. Знам дека на тој начин ќе останам запишан во историјата на клубот и искрено се надевам дека тие ќе се сеќаваат на мене по одличната игри. Јас отсекогаш сум бил амбициозен и оптимист и сметам дека еден ден може да стигнам до титулата за најдобриот играч на светот “, рече Гризман.

Францускиот напаѓач најпрво сака да им докаже на многумина дека неговото место е на врвот. Исто така, ако како играч на Атлетико дојде до Златната топка тогаш тој ќе стане првиот играч во историјата на овој клуб кој го постигнал ова.