За францускиот репрезентативец, Антоан Гриземан во претходните месеци имаше шпекулации за премин во Барселона.
Шпанските медиуми беа убедени дека Гриеман ќе го напушти Атлетико Мадрид и ќе ја продолжи кариерата во Барселона, но на крајот тоа нема да се случи. Гризман ја објави својата одлука пред неколку дена на прес-конференција и рече дека ќе остане во Атлетико.
Во овој клуб го дочекаа со раширени раце и веќе имаа нов договор за францускиот напаѓач. Гризман потврди на својата официјална страница на Фејсбук дека тој го продолжил договорот со овој клуб и ќе остане во Атлетико Мадрид до летото 2023 година.
https://www.facebook.com/antoine.griezmann/posts/1966445800035003