Ромен Грожан избегна смрт на почетокот на Големата награда на Бахреин кога некако успеа да избега од болидот кој гореше во пламен.
Благодарение на неговата храброст и брзата реакција на медицинскиот персонал, францускиот возач успеа да го избегне најлошото, по што беше пренесен во болница.
Грожан на крајот се здоби со изгореници на рацете и сигурно треба да биде благодарен што воопшто е жив.
Два месеци по несреќата, Грожан објави фотографии од рацете на Твитер. А, изгледот на левата рака јасно покажува колку е сериозна несреќата.
https://twitter.com/RGrosjean/status/1348980872494669825
Значи, Грожан е на добар пат кон целосно закрепнување, бидејќи за прв пат ги тргна завоите од двете раце.