ФУДБАЛ

Група ветерани на едно место: Познат е новиот клуб на Кристијано Роналдо, ќе пристигне во јануари

Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед дефинитивно не оди според планот и се поизвесно е неговото заминување од Олд Трафорд.

Роналдо почна да добива епизодна улога во Јунајтед. Во најважните натпревари ја загуби улогата на стартер, додека редовно настапува во Лига Европа.

Работата да биде уште полоша, Роналдо не се истакнува ниту во тоа натпреварување, па на натпреварот против Омонија го имаше едно од најголемите промашувања во кариерата.

 

„Црвените ѓаволи“ по пресвртот успеаја да победат со 3:2, а Роналдо од неколку метри промаши празен гол и остана на еден гол сезонава.

И додека мака мачи да ја пронајде старата форма, Роналдо бара и нов клуб, а се чини дека го најде во Турција, поточно во Истанбул.

Галатасарај во текот на летото собра група ветерани, а во јануари планираат да го доведат ни помалку ни повеќе, туку најпопуларниот играч во светот.

 

Доведовме играчи за кои можете да сонувате и сакаме да продолжиме да го правиме тоа. Не си поставуваме граници, но овојпат нема да зборуваме за имиња“, изјави спортскиот директор на Галатасарај, Ерден Тимур.

Сигурно најголемата пречка за трансферот е огромната плата на Роналдо, но во трофејниот турски клуб се убедени дека можат да направат чудо.

Во текот на летото, Хорхе Мендез бараше клуб кој ќе се натпреварува во Лигата на шампионите за свој штитеник, но каде и да затропа вратата не се отвораше. Сега може да заврши во клуб кој не се натпреварува ниту во натпреварувањата на УЕФА.

Во текот на летото Галатасари меѓу другите успеа да ги доведе Дрис Мертенс, Лукас Тореира, Хуан Мата, а секако шлаг на тортата беше ангажирањето на Мауро Икарди.

ПОВРЗАНО

Лига Европа