Поранешниот тренер на Челзи Руд Гулит верува дека Еден Азар и Вилијан воопшто не веруваат во напаѓачката ефикасност на Алваро Мората. Поради таа причина, тие не му додаваат топки, вели легендарниот Холанѓанец.
Гулит порано го водеше клубот од Лондон, а сега активно ги гледа натпреварите на Челзи и како што вели, гледа дека се случуваат некои чудни работи. Според него, Мората не е виновен за лошата форма во која тој е, но неговите соиграчи се одговорни за ова.
Мората во дерби против Манчестер Јунајтед во саботата и беше заменет од менаџерот Маурисио Сари пред крајот на натпреварот. Шпанецот постигна два гола оваа сезона во осум натпревари во Премиер лигата, додека во 2018 година постигна само четири гола.
Alvaro Morata just needs better service, according to Ruud Gullit.https://t.co/OhtxLIbf87
— Football365 (@F365) October 21, 2018
“Најлошото од се е што Вилијан и Азар повеќе сакаат да дриблаат, отколку да му додадат на Мората”, изјави Гулит за Беин Спорт и додаде:
“Дури и кога би имало некое нафрлување, би прашале:” Каде е Алваро? Никој не го знае тоа, очигледно е дека повеќе не му се верува.”