ФУДБАЛ

Гундоган ги отвора вратите на првенството во САД

Турскиот играч од средниот ред со германски пасош може да ги помине последните години од својата кариера во американската лига – МЛС

Илкеј Гундоган не ги затвори вратите на Американското фудбалско првенство – МЛС.

Сепак, турскиот играч од средниот ред со германски пасош изјави дека во моментот нема причина да го напушти Манчестер Сити.

Германскиот репрезентативец го продолжи договорот со „Граѓаните“ минатата година.

Овој договор го поврза со клубот од стадионот „Етихад“ до летото 2023 година.

29-годишникот, сепак, размислува за иднината и не е исклучена можноста за кариера во САД.

Гундоган последниве години беше важен за тимот на Пеп Гвардиола.