ФУДБАЛ

Гвардиол го менува редот во Сити, Ал Наср пристигнува по Лапорте!

Новинарот на Атлетик Дејвид Орнштајн објави информација дека Манчестер Сити ја прифатил понудата на Ал Наср за дефанзивецот Ајмерик Лапорте.

Шпанецот наводно сериозно размислува за преселба на Блискиот Исток по нестандардната сезона во Сити, каде што забележа само 12 настапи во Премиер лигата.

Она што дополнително му ја засили желбата за заминување е ангажирањето на Јошко Гвардиола за кого Сити плати 90.000.000 евра, што донекаде е гаранција дека ќе има место во стартниот тим покрај неприкосновениот Рубен Диас.

Останува да видиме дали Лапорте на 29 години ќе реши да се пресели во клуб од Саудиска Арабија кој летово веќе ангажираше ѕвезди како Садио Мане и Марселo Брозовиќ, а со нив пристигнаа и Секо Фофана и Алекс Телес.

Претходник на сите беше неприкосновената прва ѕвезда на лигата, Кристијано Роналдо, па доаѓањето на Ајмерик Лапорте дополнително ќе ги зголеми амбициите на Ал Наср.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига