Дуелот меѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен на последната трка од сезоната во Формула 1 во Абу Даби отвори многу коментари.
Верстапен го престигна Хамилтон во последниот круг за да дојде до светската титула, а впечатоците не стивнуваат ниту три дена по трката.
Интересно, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, исто така ги коментираше случувањата во Абу Даби, но и направи споредба.
„Луис и Макс ни понудија голема борба, но видовте дека понекогаш не зависите од себе“, рече Гвардиола и додаде:
„Така е и во фудбалот. Лош ден, лоши одлуки, ВАР и се може да ви падне во вода“.
Гвардиола и претходно беше познат како фан на Формула 1, а дуелот меѓу Хамилтон и Верстапен и случувањата од оваа сезона и овозможија на Формула 1 да биде во центарот на светските медиуми најмалку два до три дена.