ФУДБАЛ

Гвардиола е воодушевен од својот играч: Еден од најдобрите во Европа!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го нарече Илкај Гундоган „извонреден играч“. Повеќе од тоа, тој го опиша како еден од најпаметните и најразновидните играчи од средниот ред во Европа.

Соиграчите погодени од „епидемија“ на повреди, Гулдоган ги покажа своите вредности во составот на Гвардиола. Придонесите на 28-годишникот никогаш не поминаа незабележани од неговиот тренер, кој беше полн со пофалби за поранешната sвезда на Борусија Дортмунд:

„Тој е многу интелигентен играч. Тоа е еден од квалитетите што го ценам најмногу. Играч кој разбира сè што се случува во текот на играта и го решава проблемот веднаш. Гундоган може да игра многу улоги. Тој може да игра близу до голот, како напаѓач постигнува голови, еден од најдобрите во Европа, навистина“.