ФУДБАЛ

Гвардиола ги шокираше сите и на голот стави човек кој не бранеше во Премиер лигата 10 години

Пеп Гвардиола направи бројни измени во составот на Манчестер Сити пред вечерашниот натпревар против Њукасл Јунајтед.

Граѓаните пристигнаа на Св. Џејмс Парк како нов шампион во Премиер лигата, и тоа му даде можност на Гвардиола да го меша составот.

Така, на голот ќе биде 35-годишниот Скот Карсон, кој го одигра својот последен натпревар во Премиер лигата во 2011 година во дресот на ВБА.

“Пресреќен сум што добив шанса да играм. Чест ми е. Мислев дека моите денови во Премиер лигата завршија, но не се предадов и добив шанса”, рече Карсон и додаде:

“Бев изненаден, но работев напорно и бев достапен во случај на потреба. Менаџерот конечно реши да ми даде шанса”, истакна искусниот голман.

Ова е деби на Карсон на голот на Сити по две години во клубот.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига