ФУДБАЛ

Гвардиола го налути прашањето: Одиме понатаму! Не ме прашувај такви работи!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска не сакаше да зборува за потенцијалното доаѓање на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд на „Етихад“.

Агентот Мино Раиола денеска потврди дека Сити е еден од четирите клубови на кои големиот Норвежанец размислува за нова дестинација.

„Тој ќе го направи следниот чекор во кариерата“, изјави Раиола за германски Sport1 и продолжи:

„Баерн, Реал, Барселона и Манчестер Сити се меѓу клубовите каде тој може да оди. Сити освои повеќе титули од Манчестер Јунајтед во последните години“, рече Раиола, алудирајќи дека Јунајтед не е во игра за потписот на Халанд.

Англиските новинари веднаш го прашаа Гвардиола за зборовите на Халанд и Раиола, шпанскиот тренер се налути.

“Халанд? Следно прашање. Не ме прашувај такви работи бидејќи нема да ти одговорам”, кратко изјави Пеп Гвардиола.

Сигурно е интересно што таткото на Ерлинг, Алф-Инге Халанд играше за Сити во периодот од 2000 до 2003 година, кога мораше да ја заврши кариерата поради тешка повреда.