ФУДБАЛ

Гвардиола го спореди Халанд со легендата на Барселона, а потоа го издвои играчот на Борусија

Синоќа Манчестер Сити оствари тешко извојувана победа против Борусија Дортмунд во 2. коло од Лигата на шампионите.

Граѓаните славеа по пресвртот, а херој на шампионите на Англија беше норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, кој постигна гол за паметење.

По новата неверојатна партија на Халанд, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола зборуваше со пофални зборови за него. Тој го спореди Халанд со Кројф, легендата на Барселона и рече:

„Луѓето кои ме познаваат знаат какво влијание имал Кројф врз мене како ментор. Тој постигна гол против Атлетико Мадрид пред многу години, кој е многу сличен на овој гол“.

„Тоа беше многу убав гол, а и одлучувачкото додавање на Кансело беше исто така прекрасно. Жоао е способен за такви работи, а финишот на Халанд е исклучителен“, додаде тренерот на Манчестер Сити.

Тој го пофали шпанскиот селектор и англискиот фудбалер Џуд Белингем, момчето кое му донесе предност на германскиот тим на овој натпревар.

Џуд Белингем е исклучителен играч, мислам дека сите го знаат тоа“, изјави кратко Пеп на прес-конференцијата по натпреварот.

Да потсетиме, синоќа Гвардиола имаше урнебесен момент со судијата Орсат по натпреварот. Пеп се пожали на нешто и го крена гласот, па доби жолт картон.

После тоа повторно го повикал судијата, а падна и прегратка.