ФУДБАЛ

Гвардиола: Халанд подготвена за натпреварите со Баерн

Фото: Manchester City's head coach Pep Guardiola, left, gives instructions to Manchester City's Erling Haaland during the English FA Cup quarter final soccer match between Manchester City and Burnley at the Etihad stadium in Manchester, England, Saturday, March 18, 2023. (AP Photo/Jon Super)

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд ќе биде подготвен за натпреварите со Баерн во четврт-финалето на Лигата на шампионите, пренесуваат британските медиуми.

Халанд ги повреди препоните на тренингот на норвешката репрезентација, а ги пропушти натпреварите против Шпанија и Грузија во квалификациите за ЕП 2024 година.

Гвардиола најави дека норвешкиот напаѓач најверојатно ќе биде во тимот на Манчестер Сити на следниот натпревар против Саутемптон.

„Ерлинг е се подобар, се чувствуваше подобро во споредба со последните неколку дена. Остануваат уште пет дена до натпреварот против Саутемптон, па се надеваме дека ќе продолжи да ни помага како што тоа го правеше досега“, изјави Гвардиола.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Баерн ќе се одигра на 11 април, а реваншот е осум дена подоцна во Минхен.