ФУДБАЛ

Гвардиола и дава на Барселона дури седум играчи!

Жоан Лапорта, првиот човек на Барселона и Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити и поранешен тренер на каталонскиот гигант, учествуваа на голф турнирот минатиот викенд.

РАЦ1 ја донесе веста дека Лапорта и Гвардиола, покрај играњето голф, зборувале и за преодниот рок. Тренерот на Граѓаните му понуди на својот поранешен клуб дури седум играчи.

Во разговор со Лапорта и Мате Алемани, Гвардиола зборуваше за тоа кои фудбалери би се вклопиле во Барселона.

Еден од играчите е Ајмерик Лапорте кој игра во бековската линија и беше исфрлен од комбинациите по одличната сезона од Рубен Дијас. Од друга страна, Барселона има проблеми и во бековската линија и бара играч на позицијата лев стопер.

„Мунди Депортиво“ успеа да открие дека Жоао Кансело и Бернард Силва сè уште се дискутира како замени за Сержи Роберто и Усман Дембеле.

Името на Рахим Стерлинг, наводно, беше на дневен ред, додека преостанатите три имиња се уште се тајна, но нема сомнение дека каталонските и англиските медиуми ќе сторат сè за да ги добијат тие информации.

Инаку, пред неколку дена, Самуел Умтити и Климент Ленглет беа информирани дека можат да бараат нов клуб, а исто и Дембеле.

Преговорите со овој крилен напаѓач за нов договор започнаа, но клубот нема да чека премногу долго за него.

Доколку не постигнат договор за продолжување на соработката со Дембеле, чиј договор со каталонскиот клуб е обврзувачки до летото следната година, ќе му биде речено да бара нов клуб бидејќи нема да сметаат на неговите услуги.

Барселона би сакала да го задржи 24-годишниот офанзивен играч, но разочарани се од фактот дека Дембеле е прилично незаинтересиран за разговори за нов договор.

Судбината на францускиот фудбалер најверојатно ќе се знае по Европското првенство и на крајот ќе видиме каква ќе биде неговата одлука.

Усман Дембеле стана фудбалер на Барселона во 2017 година. Со бонуси пристигна од Борусија Дортмунд за цели 145 милиони евра.