Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола им одржа лекција на младите навивачи кои дојдоа до него со дресови и фотографии и побараа автограм од менаџерот на Манчестер Сити.
Имено, Гвардиола бил снимен како им вели повеќе да не го прават тоа, по што на сите им наложил да се вратат на училиште.
Pep Guardiola giving autograph hunters a lecture! 🫡
“You want to spend your life doing this?”
— City Chief (@City_Chief) January 12, 2025
“Не се враќајте повеќе, нема да потпишам. Ги запомнив вашите лица. Вратете се на училиште и учете. Млади сте, не трошете време”, им рекол тој, а потоа додал: “Дали вака сакаш да го поминеш животот? Навистина? Дали е ова она што сакаш да го правиш цел живот? Подобро учете, Господе. Кои се вашите соништа? Учете!”
Англичаните пишуваат дека Гвардиола нема проблем да потпишува дресови и сувенири, но укажува на растечкиот тренд на собирање потписи од познати личности исклучиво за профит. Затоа навивачите често чекаат пред тренинг центрите и ги фаќаат играчите само за да ги стават своите автограми на продажба еден час подоцна. Инаку, Гвардиола и неговиот тим се подготвуваат за продолжението на Премиершип, а Сити утре му гостува на Брентфорд.
