ФУДБАЛ

Гвардиола има јасна желба за летниот преоден рок

Лионел Меси често се поврзува со преселба во Манчестер Сити.

Минатото лето, „граѓаните“ наводно имаа подготвено огромен договор за аргентинската sвезда, но тој на крајот остана во Барселона.

Фактот дека Меси може да го напушти каталонскиот клуб следното лето, ако сака, носи приказни за него и Сити повторно.

Сепак, покрај Меси, Пеп Гвардиола сака и момче кое го воодушеви фудбалскиот свет во изминатата година. Станува збор за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Норвешкиот напаѓач е спектакуларен и оваа сезона, а Гвардиола сака да го види во неговиот тим следната сезона.

Халанд има опција да ја напушти Борусија за 75 милиони евра. Скоро нема голем тим што не би ја понудил оваа бројка, а покрај Сити, интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Понудата на Сити и Гвардиола сигурно ќе биде финансиски моќна. Финансиите се нешто што го привлекува познатиот агент Мина Раиола и не би било ни чудо ако Халанда заврши на „Етихад“.