ФУДБАЛ

Гвардиола: Имаме цел за второ место во Премиер лигата

Шпанскиот тренер на Манчестер Сити потклекнува во борбата за титулата во Премиер лигата, откако граѓаните заостанаа многу зад Ливерпул.

Пеп Гвардиола конечно потклекна на трката за титулата во Англија.

Шпанскиот селектор вели дека Манчестер Сити ќе се бори за второто место во Премиерлигата до крајот на сезоната.

Ливерпул ја предводи табелата со 79 бода, 22 повеќе од граѓаните, кои имаат еден помалку натпревар.

Сепак, со преостанати 10 круга до крајот на сезоната, на актуелниот шампион конечно му е падната круната.

„Мислам дека најубав трофеј е Премиер лигата и нема да го освоиме годинава. Не беше можно да се направи подобро од минатата сезона. Да се ​​освои првенство, било да е тоа Премиер Лигата, Ла Лига или друга национална титула, е најтешка работа.“

„Мислам дека имаме тим што може да ја освои Премиерлигата. За жал, има одлични тимови и тоа го прифаќаме. Ќе се обидеме да го освоиме второто место во Премиер лигата. Исто така, го имаме возвратниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал“, заклучи шпанскиот селектор.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛа Лига