Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола инсистира на тоа дека нема голема загриженост во рамки на тимот за почетокот на сезоната.
Сити имаше седум бода предност пред Ливерпул во јануари минатата година, но во моментов има осум бода зад тимот на Јурген Клоп оваа сезона.
Сепак, и покрај значителната разлика што веќе е создадена, Гвардиола одбива да паничи.
„Секоја сезона е сосема поинаква. Секоја ситуација е различна. Резултатите нема да го променат моето размислување“, рече тој.
„Знам точно што треба да сториме за да се вратиме како тим што сакаме да бидеме, но ова е минато и сега треба да се фокусираме и да се обидеме да го подигнеме нашето ниво на игра и да победуваме на натпреварите“ ,додава Гвардиола.