Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја откажа прес-конференцијата поради „неодреден“ резултат на тестот за корона вирусот.
Шпанскиот стручњак требаше да разговара со новинарите во петокот пред дуелот со Њукасл во недела.
Сепак, непосредно пред почетокот од клубот соопштија дека прес-конференцијата нема да се одржи.
Според странските медиуми, Гвардиола веднаш направил нов ПЦР тест и ги чека резултатите. Доколку е позитивен, ќе мора да бидр во карантин десет дена. Доколку бидр негативен, во недела ќе можр да го предводи тимот.
Шпанецот во средата беше во Барселона, на збогувањето на Серхио Агуеро од фудбалот.
Потсетуваме дека поради ширење на корона вирусот меѓу играчите и фудбалските работници, викендов беа откажани половина од натпреварите.