ФУДБАЛ

Гвардиола: Ја завршив целата работа со Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговата мисија во Манчестер Сити е завршена со освојување на Светското клупско првенство.

„Граѓаните“ неодамна го победија Флуминезе со резултат 4:0 и со тоа ја освоија светската клупска титула.

Гвардиола сега со Сити успеа да ги освои сите трофеи.

„Чувствувам дека работата е завршена. Размислував кога ја освоивме Лигата на шампионите: Да, но немаме Суперкуп, го немаме ни Светското првенство. Сега имаме сè. Можеме да одиме во книжарница, да купиме книга и да почнеме се да пишуваме од почеток“, изјави Гвардиола.

Сити моментално е на петтото место во Премиер лигата со 34 бодови, со натпревар помалку од првопласираниот Арсенал, кој има 40 бода.

Манчестер Сити сезонава се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите каде ќе игра против Копенхаген.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига