Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, а пред нив е борбата за финалето на ФА Купот. Сепак, пред натпреварот против Шефилд Јунајтед на „Етихад“, тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола не сака да зборува за можноста да освои три трофеи.
Сити е во полуфиналето на ФА Купот и Лигата на шампионите, а е втор во Премиер лигата со четири бода помалку од Арсенал, со натпревар помалку и дерби на „Етихад“.
– Ќе зборувам за тројната круна кога ќе ја освоиме Премиер лигата, ФА Купот и пред финалето на Лигата на шампионите. Сега, гледате колку е далеку. „Само“ 11 натпревари. Колку некој ја освоил тројната круна во оваа земја? – изјави Гвардиола.
Кога станува збор за натпреварите на Манчестер Сити, секогаш е интересно кој тим ќе го избере Гвардиола.
– Морам да видам како ќе се чувствуваат играчите. Во претходните сезони многу ротирав и не испадна добро, па морам добро да размислам. Нејтан Аке нема да биде подготвен за утре, а ќе видиме од тука па натаму.
Полуфиналниот дуел од ФА Купот помеѓу Манчестер Сити и Шефилд Јунајтед e во сабота од 17:45 часот.
