Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се пожали на густиот распоред.
Преполн распоред на Сити продолжува со денешниот натпревар против Лестер, а Гвардиола има само 13 спремни постари играчи.
“Никој не се грижи за играчите. Тие не се машини, им треба мала пауза”, рече Гвардиола.
Од сега до 31 октомври, Сити има осум натпревари во лигата и купот, вклучувајќи и два во Лигата на шампионите. Некои играчи исто така се очекува да се појават на меѓународните натпревари во октомври.
Бразилскиот интернационалец Габриел Хесус ќе пропушти најмалку три недели поради повреда на мускулот, на Серхио Агуеро ќе му требаат уште седум недели поради повреда на коленото, Бернардо Силва, Жоао Кансело и Олександр Зинченко исто така отсуствуваат поради повреди, а Ајмерик Лапорте и Илкај Гундоган се уште не играат како резултат на потврдена позитивни тестови на коронавирус.
“Навистина е како што е. Не станува збор само за Сити, туку за сите клубови. Сè уште мора да веруваме во она што го правиме и да се обидеме да го добиеме најдоброто што можеме. Не е во ред репрезентативците да играат два натпревари за четири дена. Тројца играчи се повредените се вратија од репрезентативните активности “, додава Пеп.
Без Агуеро и Хесус, Пеп мора да импровизира и се верува дека ќе му даде шанса на Рахим Стерлинг да игра како „лажна деветка“.