ФУДБАЛ

Гвардиола: „Можеме повторно да стигнеме до титулата“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е убеден дека неговиот тим може да ја одбрани титулата.

Сити доминантно стигна до нова титула во Англија минатата сезона и ќе се обиде да ја одбрани оваа сезона. Сити вчера славеше кај Челзи со 1-0 и покажа колку навистина е силен.

Голот на Габриел Хесус го прославија Граѓаните на Стемфорд Бриџ, а Пеп е многу задоволен.

„Од првата до последната секунда се обидовме да ја одиграме нашата игра и беше фантастично. Игравме многу добро. Освоивме уште три бода и тоа е навистино добро. Тие три бода ни даваат свест дека можеме повторно, да ја освоиме титулата“, рече Пеп.

Неговиот Сити моментно го зазема второто место на табелата со 13 бодови, додека лидер и натаму е Ливерпул со 14 бодови. „Црвените“ во моментов се единствениот клуб без пораз во лигата.

Сити ќе гостува кај Ливерпул следниот викенд, но претходно го очекува пеколно гостување кај ПСЖ во Лигата на шампионите.