Милан Шкриниар од доаѓањето од Сампдорија во Интер прерасна во еден од најдобрите дефанзивци. Интерес има од Барселона, но и од Манчестер Сити. Иако, неговиот сегашен тим Интер инсистира дека не е на продажба, сепак Пеп Гвардиола не се откажува.
Тој со сите сили во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во Манчестер Сити, а подготвен за него е да плати 70 милиони евра.
Шкриниар има 25 години, за Интер досега одигра 115 мечеви, а „Нероаѕурите“ за него пред три сезони платија „скромни“ 12 милиони евра.
Тој има договор со Интер до јуни 2023-та година.