Манчестер Сити во градското дерби го победи Јунајтед со резултат 3:1, па така го зацврстија првото место во Премиер Лигата.
Граѓаните до победа беа предводени од Давид Силва, Агуеро и Гундоган, а менаџерот Гвардиола по натпреварот беше пресреќен.
„Ние ја заслуживме оваа победа, Манчестер Јунајтед е одличен, но навистина одличен тим, така што треба да бидете на високо ниво за вака да го надиграте. Не заборавајте кого Јунајтед го совлада пред неколку дена (Јувентус)“, изјави Гвардиола, и продолжи:
„Сакавме да покажеме квалитет пред нашите навивачи, но не игравме многу добро во првото полувреме. Голот на Агуеро на почетокот на второто полувреме ни помогна многу. Знаевме колку е важен овој натпревар и ние сме задоволни, на триумфот“.
Сити сега има 32 поени и се наоѓа на првото место пред Ливерпул (30) и Челзи (28).