Шпанецот Пеп Гвардиола изјави дека до крајот на животот ќе биде фан на Манчестер Сити, а не може да се замисли на клупата на друг тим во Англија.
Гвардиола на Етихад е од 2016 година и веќе се запишани во историјата на клубот, ја освои титулата во лигата минатата сезона, а сега под негово раководство граѓаните се лидери на табелата.
Пеп докажа, зошто е меѓу најдобрите менаџери на денешницата, па затоа не е чудно што го сакаат многу клубови на клупата. Но, оние англиските, судејќи според изјавата што ја даде, веднаш можат да заборават на тоа.
“Титулите се важни, но мислам дека сите менаџери се среќен кога можат срдечно да се поздравуваат со поранешните играчи. Сите уживаат кога се сакани. Јас ќе бидам фан на Манчестер Сити до крајот на животот и незамисливо е за мене да работатм во друг клуб во Англија”, рече Пеп.
Гвардиола претходно ги водеше Баерн и Барселона.