Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се спротивставува на натпреварите без публика.
Во цела Европа се донесуваат одлуки да се играат натпревари на празни трибини од страв од ширење на инфекција со коронавирус.
Гвардиола е свесен дека во англиската Премиер лига може да се случи остатокот од сезоната да се игра без публика, но тој смета дека тогаш нема смисла.
„Фудбал без навивачи? Ако луѓето не можат да дојдат на стадионот, тогаш нема смисла. Ќе го направиме она што треба да го направиме, но тие не можат да уживаат во натпревари без навивачи. Јас повеќе би сакал да ги откажам натпреварите отколку да ги играм без публика“, рече Гвардиола.
Голем број на европски натпревари оваа недела ќе се одиграат без навивачи, вклучувајќи ги и средбите во Лигата на шампионите меѓу Валенсија и Аталанта, ПСЖ и Борусија, Барса и Наполи, како и оние во Лигата на Европа помеѓу Линц и Манчестер Јунајтед, Интер и Хетафе, Севиља и Рома…