ФУДБАЛ

Гвардиола: Перез треба да ме повика лично за Де Брујн

Шпанскиот тренер сака да разговара лично со претседателот на Реал Мадрид за белгискиот играч од средниот ред

Пеп Гвардиола вели дека тој лично мора да добие повик од Флорентино Перез, доколку Реал Мадрид сака да го префрли Кевин Де Брујн.

„Лос Бланкос“ го сака сјајниот фудбалер, но нивниот претседател сè уште не го превзел потребниот чекор за да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“.

Белгискиот играч од средниот ред се приклучи на Манчестер Сити една година пред шпанскиот тренер да го напушти Баерн Минхен за да заврши на „Етихад“.

И, белгискиот репрезентативец стана еден од најдобрите играчи на Сити во последните години.

28-годишниот играч постигна 47 голови на 204 настапи со актуелниот шампион во Премиер лигата.

Тој важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига