Шпанскиот интернационалец Феран Торес во јануари ќе го напушти Манчестер Сити.
21-годишниот напаѓач минатото лето пристигна во Сити од Валенсија за речиси 30 милиони евра, но по нешто повеќе од една година очигледно реши да го напушти „Етихад“ и да се врати во Шпанија.
Медиумите во Шпанија вчера објавија дека Торес договорил се со Барселона, и дека кариерата ќе ја продолжи во каталонскиот клуб.
Исто така Барселона и Сити се многу блиску до договор, а официјална потврда за овој трансфер се очекува во наредните денови.
Сега е јасно дека речиси се е решено, бидејќи Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција потврди дека Торес го напушта својот тим, а негова следна дестинација ќе биде Барселона.
“Феран Торес е многу блиску до потпис за Барселона. Практично останува само официјална потврда. Сè уште не е официјално, но договорот е блиску. Кога клубот ќе потврди, тоа е тоа. Немам проблем со тоа што Феран ќе замине сега во јануари. Сакам да да ги одржуваме играчите среќни“, рече Гвардиола, додавајќи.
„Ние не сме клуб кој ги тера играчите да останат, нашиот претседател не го прави тоа. Ако мојот играч е посреќен во друг клуб, нема да му направам трансфер проблем, ниту јас, ниту управата.
🎙🚨| Pep Guardiola at the @ManCity Press Conference about Ferran Torres: “It’s not done officially. I know they are negotiating, it’s close, that’s all. When the club announces, it’s done.” #fcblive 🇪🇸 pic.twitter.com/GMmKQxcL8m
— BarçaTimes (@BarcaTimes) December 23, 2021
Торес во досегашниот дел од сезоната за Сити одигра седум натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола. Тој поради повреда на стапалото отсуствува два месеци, па не се знае кога ќе дебитира за Барселона доколку потпише договор.
Барса на сметката на Сити ќе уплати 55 милиони евра, а се очекува Торес да потпише договор за соработка со каталонскиот клуб до летото 2025 година.