Лерој Сане му порача на Манчестер Сити дека нема да потпише нов договор со владејачкиот шампион во Премиер лигата. Веста ја потврди тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола.
Германецот влегува во последната година од неговиот договор на стадионот „Етихад“, додека шампионот на Бундеслигата, Баерн Минхен, беше фаворит да ги обезбеди услугите на 24-годишниот играч.
Гвардиола потврди дека клубот му доставил неколку понуди на крилниот играч за обновување на неговиот договор, но тој не бил заинтересиран да прифати ниту еден од нив бидејќи сака да го напушти англискиот клуб.
Сане летово ќе се упати кон „Алијанц арената“ доколку двата клуба можат да постигнат договор за неговата цена, и покрај тоа што Манчестер Сити продолжува да инсистира дека нема да му дозволи да замине за ниска цена.
„Лерој изјави дека не сака да го обнови својот договор. Ова значи дека тој ќе замине или ова лето или на крајот на неговиот договор “, рече Гвардиола.
„Клубот му достави две или три различни понуди и тој ги одбил сите, па ќе игра за друг клуб“.
„Лерој одби да го обнови својот договор и сите го знаат тоа. Ако на крајот на сезоната клубовите постигнат договор, тогаш тој ќе замине. Ако не, тогаш ќе остане уште една година.