Напаѓачот на Манчестер сити, Лирој Сане ја одби понудата на клубот за обновување на договорот, изјави Пеп Гвардиола.
Така, 24-годишниот Германец ќе го напушти тимот како слободен играч следното лето, доколку не биде продаден по крајот на оваа сезона.
Претходно беше објавено дека Сане е близу до преселба во Баерн.