ФУДБАЛ

Гвардиола прави револуција – ги праќа помошниците на курс за дрон!?

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е познат како некој кој користи чудни методи на тренинг.
Често бара скратени терени на кои може да ги вежба своите тактички замисли, а фудбалерите се импресионирани со тоа на колку детали посветува внимание тренерот.

Сега се појави информација дека им наредил на своите помошници да одат на курс за водење на дрон, за да можат своите фудбалери на тренинг да ги гледаат од „птичја перспектива“.

Во модерниот фудбале разликите во квалитети се прават преку ситните детали, а Гвардиола сака да воведе најнова технологија во службата на тимот.

SPORT1.MK