ФУДБАЛ

Гвардиола признава: „Ливерпул може да го сруши историскиот рекорд на Манчестер Сити“

Во сезоната 2017/18, Манчестер Сити собори неколку рекорди, но сега може да ги сруши прекрасниот тим на Клоп, Ловерпул

Пеп Гвардиола признава дека може да ги загуби сите рекорди што ги сруши и името што го запиша во книгите за историја во Премиер Лигата, поради извонредната форма на Ливерпул.

Најголем рекорд досега е оној во сезоната 2017/18, кога Манчестер Сити ја освои титулата со 100 поени, тој рекорд би можел да се сруши во рок од две години откако Ливерпул веќе има запишано 67 бода, а им остануваат уште 15 кола, ако тиумфираат на сите 15 натпревари ќе запишат дополнителни 45 поени.

Другиот рекорд за кој Ливерпул има за цел е сезоната 2003/04 на Арсенал, која Арсенал ја заврши без пораз – Ливерпул сè уште нема пораз.

Тимот на Клоп има за цел титула по 30 години и е на пат да го постигне тој рекорд со многу победи, помина 23 натпревари без пораз, 22 победи и едно реми- нешто што никој не го постигнал по првите 23 натпревари во Англија.

И да, Пеп Гвардиола верува и смета дека овој Ливерпул може да ја промени историјата.

„Да, може да се случи, рекордот да бире срушен“, рече Гвардиола на прашањето дали Ливерпул би направил подобро од нивниот Сити и ќе запише над 100 поени во сезоната 2019/20.

„Го срушивме тој рекорд (достигнувајќи 100 поени), некој рече дека не можеме да го сториме тоа и порано или подоцна повторно ќе се сруши. Историјата зборува јасно за ова. Не е лесно да се победи Ливерпул, тие најдоа начин да победат на секој натпревар“.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига