ФУДБАЛ

Гвардиола против Клоп: Кој е поуспешен?

Очите на целата светска фудбалска јавност се свртени кон Етихад, каде што Манчестер Сити и Ливерпул вечерва ќе ги одмерат силите.

Тоа ќе биде дуел на двата најсериозни кандидати за титулата шампион на Англија, а сега во подобра позиција се црвените кои водат на табелата со седум поени пред вечерашниот ривал.

Овој натпревар е интересен и од друг аспект. Вечерва на Пеп Гвардиола и Јирген Клоп ќе го имаат 16. меѓусебн дуел, но статистиките покажуваат дека во изминатите 15 поуспешен беше германецот.

Во претходните средби, Клоп постигна осум победи наспроти пет на Пеп, а две натпревари завршија со нерешен резултат.

Односот на постигнати голови е скоро еднаков, но тимот на Клоп и тука се во предност, бидејќи тие имаат постигнато 22 гола, а Сити 21 гол. И двата тимови во тие 15 натпревари снимиа по пет натпревари без примен гол.

Јирген Клоп и Пеп Гвардиола, покрај Премиер Лигата, играа во Бундеслигата, каде што беа тренери на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаБундеслига